Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талески во притвор, Битола чека нов шеф!

Талески во притвор, Битола чека нов шеф!
Откако градоначалникот Талески замина во притвор на 30 дена, и заработи сериозни кривични пријави за криминал во општината не стивнуваат реакциите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Едната партија тврди дека судот постапил селективно, одредувајќи притвор на чесен човек, а другата дека Талески е криминалец кој треба да одговара за своите злодела. Одредениот притвор покажува индиции за сериозно дело, па отааму сега многумина си го поставуваат прашањето дали Талески треба да депонира оставка или пак да се постави негов заменик. Според законот за локална самоуправа заменик се бира од редот на советниците. Анкетата на Фактор меѓу битолчани покажува дека тие преферираат нови избори за градоначалник. „Би било добро веднаш да се распишат, за да расчистиме веќе со Талески и неговото наследство“’ вели еден битолчанец. Други пак сметаат дека не би имало проблем да се избере од редот на советниците, со оглед дека тоа е законско решение. Како и да е прв пат е еден градоначаник во ваква ситуација, да е во притвор, а да треба да раководи со општионата. СЈО го терети Талески за проневера со транспорт на ученици тешка 360 илјади евра.
Слично

Поврзани вести