Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАЛЕСКИ УШТЕ НЕ Е ВО ПРИТВОР: Во Скопје автобуси со поддржувачи за укинување на мерката

ТАЛЕСКИ УШТЕ НЕ Е ВО ПРИТВОР: Во Скопје автобуси со поддржувачи за укинување на мерката

Автобуси полни со поддржувачи на Владимир Талески од утрово пристигнуваат во главниот град каде во моментов се одржува протест и е блокирана улицата кај комплексот судови.

Тие дојдоа да му дадат поддршка на битолскиот градоначалник и да побараат од судот да ја укине мерката притвор која му ја одреди по барање на Специјалното јавно обвинителство, иако истата мерка уште не стапила на сила.

Како што е забележано најбројни на протестот се жени, а меѓу илјадата членови и поддржувачи се и градоначалникот на Скопје Трајановски и , неговите колеги од Кочани и од населбата Аеродром, Ратко Димитровски и Ивица Коневски  кои дојдоа да го „спасуваат“ колегата од домашен притвор.

Организатор на протестот е ГДОМ.

Каде е битолскиот градоначалник Владимир Талески? Се уште не е во домашен притвор, не доаѓа на работа во општината, а не е виден ни низ Широк Сокак. Уште во четвртокот Кривичниот суд во Скопје му одреди мерка 30 дневен домашен притвор, но решението наводно не е стасано во СВР Битола и полицијата не постапува по наредбата. Решението за притвор, тврдат од Судот, е пратено по факс, но со денови „патува“ во Битола.

Фото : Плусинфо

Слично

Поврзани вести