Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талески уште не е приведен, Битолчани со собир за негова поддршка

Талески уште не е приведен, Битолчани со собир за негова поддршка

Битолскиот градоначалник Владимир Талески е уште на слободa  a СВР Битола се уште не го добила решението на Кривичниот суд од Скопје со кое се изрекува домашен притвор за градоначалникот.

Неговите сопратијци пак синоќа излегле во близина на зградата во која живее Талески да му изразат поддршка .

СЈО го сомничи Талески за проневера на 360 илјади евра преку наплата на неколкукратно поскап превоз за ученици.

Реакциите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ не престануваат:

Едната партија тврди дека судот постапил селективно, одредувајќи притвор на чесен човек, а другата дека Талески е криминалец кој треба да одговара за своите злодела.

Одредениот притвор покажува индиции за сериозно дело, па оттаму сега многумина си го поставуваат прашањето дали Талески треба да депонира оставка или пак да се постави негов заменик.

Според законот за локална самоуправа заменик се бира од редот на советниците.

Анкетата на Фактор меѓу битолчани покажува дека тие преферираат нови избори за градоначалник.

„Би било добро веднаш да се распишат, за да расчистиме веќе со Талески и неговото наследство“’ вели еден битолчанец.

Други пак сметаат дека не би имало проблем да се избере од редот на советниците, со оглед дека тоа е законско решение.

Како и да е прв пат е еден градоначаник во ваква ситуација, да е во притвор, а да треба да раководи со општината.

Слично

Поврзани вести