Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талески тврди дека општината превозот го организира согласно закон

Талески тврди дека општината превозот го организира согласно закон

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески изјави дека општината нема направено никакво незаконско дело, ниту е вмешана во криминал.

Тој попладнево на прес-конференција го појасни процесот на организирање на бесплатниот превоз за ученици. Според него, денешната прес-конференција на СЈО е со политички побуди.

“Општина Битола доби надлежност да спроведе групна јавна набавка за организирање бесплатен превоз на ученици и таа ја извршивме со согласност на сите директори на училиштата. Согласно Закон, до општината доаѓаат блок дотации, општината ги трансферира до училиштата, а училиштата врз основа на потпишан договор со превозниците вршат плаќање на услугата и тука нема ништо спорно. Со денешната прес-конференција на СЈО воочивме дека оваа институција бескрајно многу не уважува како важен субјект“ - рече Талески.

Тој е категоричен дека во општината се работи законски и не му е потребна аболиција.

Слично

Поврзани вести