Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талески побара повлекување на аболицијата, со факти ќе го докажува чесното работење

Талески побара повлекување на аболицијата, со факти ќе го докажува чесното работење

Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, испрати писмо до претседателот на државата  Ѓорге Иванов, во кое бара да ја повлече аболицијата за него.

Во писмото наведува дека како градоначалник на Битола работи искрено, посветено и одговорно за доброто на граѓаните.

„Не сакам да има сомнеж или шпекулирање за моето законско работење и затоа од Вас барам аболицијата за мене да ја повлечете. Подготвен сум да ја докажам вистината за моето чесно работење, убеден дека надлежните државни институции ќе се интересираат за факти и докази, а не за тенденциозни и неаргументирани обвинувања“- се вели во писмото на Талески.

Тој објаснува во писмото дека во незаконските телефонски разговори, еден од двајцата соговорници во еден момент,  го споменале и го клеветеле за криминал и корупција, за што тврди дека не е вистина. Талески додава дека тоа е доволен аргумент за СЈО да направи невидена политичка хајка против него. За обвинувањата и целата постапка од СЈО вели дека имаат единствено политичка позадина.

СЈО деновиве објави дека работи на случајот  „Транспортер“, во кој се истражува како битолските ученици добиле најскап превоз, во што е вмешан и градоначалникот Талески.

Слично

Поврзани вести