Талески останува во домашен притвор, одлучи Апелација
Апелација ја одби жалбата на битолскиот градоначалник, Владимир Талески кој бараше да биде ослободен додека трае кривичната постапка за случајот „Транспортер“.
Тричлен совет од Апелација денеска ја потврди одлуката на Кривичниот совет.
Градоначалникот деветти ден е во домашен притвор. Специјалното јавно обвинителство сметаше дека Талески може да избега и затоа побара притвор, а адвокатите на градоначалникот гарантираа дека тој ќе остане во Македонија до крај на постапката.
Во одбрана на Талески застанаа од ГДОМ, кои организираа протести и порачаа судиите да носат одлуки без страв и притисок. Општина Битола засега нема официјален заменик на местото на Талески. Сопартијци не предложија член кој би можел да седне на градоначалничката фотелја во Битола, и чекаа што ќе одлучи Апелација.
Талески е првоосомничен во „Транспортер“, случај кој го отвори СЈО. Се товари дека ја злоупотребил службената положба со ученичкиот превоз во општина Битола.
Слично
