Талески: Немаме направено ништо со што сме се огрешиле пред законот
Немаме направено ништо со што сме се огрешиле пред законот, изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески по излегувањето од Апелацискиот суд во Скопје.
„Апсолутно се чувствуваме супериорни и убеден сум дека овие луѓе во Апелација ќе ја согледаат вистината и ќе донесат права мерка“ - рече тој.
Денеска се разгледува неговата жалба за укинување на мерката домашен притвор, донесена на предлог на Специјалното јавно обвинителство.
„Немаме направено никаков прекршок. Не може од еден телефонски разговор што го водат некои двајца луѓе за некој трет, овој третиот да одговара“- вели Талески.
За тоа дали ги потпишува документите за општина Битола, Талески кажа дека тој освен мерката домашен притвор нема никаква друга забрана.
Тој скоро два месеци е во домашен притвор за случајот „Транспортер“ за направилности со ученичкиот превоз во општина Битола.
