Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талески на распит во Основен суд Скопје 1

Талески на распит во Основен суд Скопје 1

Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, денеска е на распит во Основен суд Скопје 1 пред судија на претходна постапка за случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство.

Тој се појави во Основниот суд Скопје 1, придружуван од адвокатот Никола Додовски, кој инаку застапува повеќе високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ, за кои СЈО отвори кривични постапки.

Талески е првоосомничен во случајот „Транспортер“, а освен него за злоупотреби со превозот на ученици во Битола осомничени се уште 21 лице. Специјалното јавно обвинителство од судот бара на Талески да му биде одредена мерка притвор.

Случајот СЈО го отвори во април годинава.  Градоначалникот се товари дека во договор со директорите на основните училишта и повеќе превозници го оштетиле буџетот во износ од 365.000 евра за само две учебни години.

Слично

Поврзани вести