Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талески бара извинување од битолски новинар, во спротивно ќе тужи

Талески бара извинување од битолски новинар, во спротивно ќе тужи

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, првоосомничен во случајот „Транспортер“, иако е во куќен притвор се закани дека ќе го тужи новинарот од Битола, Симе Алушевски, издавач на весникот „Его“.

Талески и секретарот на општината,  Слободан Бончановски во саботата испратиле барање за извинување бидејќи сметаат дека навреди и клевети имало во текстот со наслов „Транспортер“ објавен на 28 април.

Побараа во рок од 48 часа да им се извини, а ако тоа не се случи ќе следува тужба.

Талески се навредил затоа што во текстот пишувало дека со Бончановски ги „местеле“ тендерите за јавен превоз на ученици. Бончановски е навреден од реченицата каде Алушевски пренесува изјава од прес-конференција на СЈО, а се вели дека сметководствената фирма чиј основач е тој вршела услуги за некои од превозниците во случајот „Транспортер“.

„Со изнесувањето на овие невистинити тврдења сторивте повреда на честа и на угледот, со што им причинивте штети кои се состојат во душевни болки“ - пишува во барањето за извинување.

Алушевски одлучи да не им се извинува затоа што не гледа со што ги навредил двајцата осомничени функционери. Тој вели дека ова е само продолжување на притисокот кој градоначалникот го прави врз него, но овој пат директно.

Слично

Поврзани вести