Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талат Џафери: Законот не го повлекувам!

Талат Џафери: Законот не го повлекувам!

И покрај острите реакции во јавноста Џафери вечерва во ТОП ТЕМА на Телма Tв изјави дека предлог Законот нема да го повлекува.

Секој што ќе објави некои од прислушуваните разговори ќе се казни со затвор од најмалку четири години, стои во предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ чии пратенички групи вчера го поднесоа до Собранието.

Screenshot_23

Со предлог-законот се забранува поседување, обработка, објавување и располагање на било кој начин со материјалите што ги објави СДСМ.

Ако овој закон се усвои, тогаш сите медиуми од своите веб-страни ќе треба да ги избришат своите објави поврзани со прислушуваните разговори. Ако некогаш повторно ги реобјават или ги искористат на било кој начин, кривично ќе одговараат.

Објавувањето на прислушуваните разговори освен што ќе биде забрането во Македонија, ќе биде забрането и во странство

Граѓаните за утре најавија протест: „Не ги даваме бомбите! Не ја даваме вистината!“

По предлог-законот да се забрани објавување или било какво користење на прислушуваните разговори, граѓанското движење „АЈДЕ” утре излегува на протест во 18 часот пред Собрание.

„Да не дозволиме да ни ја затрупаат вистината. Прислушуваните разговори се историски документи кои го разобличија начинот на владеење во Македонија. Тие разговори мора да останат јавни, да сведочат за едно време и да бидат лекција и поука за да не ни се повтори. Вистината не ја даваме! Стоп за цензурата!” – напиша движењето во повикот на Фејсбук.

СДСМ ќе ги напушти преговорите ако Законот се изгласа во Собрание!

Доколку законот за објавување на бомбите биде изгласан во собранието, СДСМ ќе ги напушти преговорите, дознава „Мета“ од извори од преговарачкиот процес. Инаку, состанокот на работните групи се' уште трае. Најверојатно преговарачите ќе заглават до доцна решавајќи го прашањето за изборниот модел.  

Слично

Поврзани вести