Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАКТИКИ: Kако да ја добиете работата за која сонувате, дури и ако не сте квалификувани

ТАКТИКИ: Kако да ја добиете работата за која сонувате, дури и ако не сте квалификувани

Во ера на претприемачкиот дух, кога работодавците се повеќе заинтересирани за вашиот потенцијал, отколку за вашето CV, тоа може да ви помогне да ја добиете работата која ја сакате, дури и ако немате квалификации за тоа.

„Ако им покажете дека можете да го решите проблемот на компанијата, ним нема да им биде важно вашето минато искуство на хартија. “ вели Рахав Харан кој работи за музичка и видео продукција „Шутерстрок”.

  1. Аплицирајте на неколку работни места

Наместо да испраќате биографија на стотина компании, изберете ги огласи кои ви се важни .

Не мора секогаш да се придржувате до барањата на огласот, како на пример годишното искуство и образованието. Бидете сигурни дека сте способни да ја работите таа работа и сепак аплицирајте. Вашите вештини ќе ги покажате на личното интервју.

  1. Дознајте што се бара од вас

Откако ќе одберете 3-5 работни места на кои сакате да аплицирате, распрашајте се што точно ќе се бара од вас да работите секојдневно. Врз основа на барањата спремете го башето CV и говор за интервјуто.

3.Имајте визија

 Откако ќе ви е јасно што се бара од вас на работното место, дајте и некој предлог за развој на компанијата уште на вашето интервју. Всушност, важно е да дадете ваше мислење за компанијата во која сакате да работите и да ја претставите вашата слика за нејзината иднина. Секој работодавач ќе ја цени вашата храброст и амбиција.

Слично

Поврзани вести