Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таксистите во Грција штрајкуваат, проблем е преминот кон користење на електрични возила

Таксистите во Грција штрајкуваат, проблем е преминот кон користење на електрични возила

Таксистите штрајкуваат низ цела Грција поради владините временски рокови за нивниот задолжителен премин кон користење на електрични возила и против конкуренцијата од други услуги за превоз.

Таксистите во Атина почнаа тридневен штрајк во вторник - кој завршува во петок во 6 часот наутро - додека таксистите низ цела Грција запираат со работа во среда и четврток.

Од 1 јануари, сите нови таксиња на кои им е дадена дозвола за работа во Атина и Солун мора да бидат на електричен погон. Но, синдикалците велат дека тоа е прерано, тврдејќи дека градовите немаат потребни капацитети за полнење и сакаат рокот да се продолжи за неколку години, пренесува Катимерини.

Таксистите во Атина планираат протестно движење до аеродромот во главниот град во среда.

foto InTime News

Слично

Поврзани вести