Економија, финансии, бизнис

Контакт

Такси превозот нема да поевтини, ама ќе се намали бројот на возила во Скопје

Такси превозот нема да поевтини, ама ќе се намали бројот на возила во Скопје
Се намалува бројот на такси возила во Скопје - од сегашните 2.600 на 2.400. Намалувањето е предвидено со предлог-одлуката за измена и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје, која е на дневен ред на наредната седница на Советот. Одлуката од Градот ја правдаат со намален интерес за извршување на оваа дејност, но и намален интерес кај граѓаните да го користат такси превозот. Како резултат на таквата неповолна состојба, такси превозниците сами доставиле барање за намалување на утврдениот максимален број на такси возила со кои може да се врши авто такси превоз на патници. „Имајќи го сето ова предвид, се цени дека се создадени услови, максималниот број такси возила кој сега е утврден на 2.600 да биде намален на 2.400 како регулаторен зафат во функција на создавање претпоставки за обезбедување подобри услови за работење на лиценцираните такси превозници и подобар квалитет на превозот за граѓаните. Се друго во Одлуката останува исто“, информираат од Град Скопје, додавајќи дека за сега нема да се корегира цената на такси превозот.
Слично

Поврзани вести