ТАКСА ЗА ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА: Како ова ќе влијае на македонските компании?
Европската унија воведе такса за декарбонизација, односно ќе се плаќа дополнителна сума на пари за производ во чие производство била користена енергија која загадува.
Од 1-ви јануари ова ќе ги погоди и македонските компании. Ова ќе биде удар врз металната индустрија. Колкави ќе бидат последиците засега точно не се знае. Од секторот велат дека неколку години се подготвуваат за ваквата обврска која ја бара Европа, па затоа мора да се работи на промена на енергетиката во земјава и намалување на производството на струја од јаглен и се поголемо користење на обновливите извори на енергија.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави дека следната недела во земјава ќе пристигне Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Европската енергетска заедница, за да се разговара за деталите околу примената на механизмот.
foto freepik.com
