Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таки Фити: Пари во буџетот има, но нема простор да се реализираат

Таки Фити: Пари во буџетот има, но нема простор да се реализираат

Претседателот на МАНУ, Таки Фити, промовирајќи го неговиот последен научен труд „Улогата на фискалната и на монетарната политика во стабилизацијата на економиите” синоќа во рамки на годинашната „Научна и уметничка визита“ во Охрид, реле дека македонската економија нема повеќе простор да реагира со фискална политика поради големите задолжувања, најмногу поради проектот „Скопје 2014“.

Академикот укажа дека за кус период од осум години е дуплиран јавниот долг, од 21 отсто учество во БДП на 48,50, што значи дека е изгубен фискалниот простор и Владата мора да биде претпазлива со трошењата од буџетот иако има приливи.

– Сега доколку се случи инфлација, нема простор фискалната политика да реагира. Понатаму ако инвестира фискалната политика, мошне е битно за што се задолжува државата за што се трошат парите. Непродуктивните проекти како „Скопје 2014“ ништо не вредат. Јавната инфраструктура е никаква, пари во буџетот има, но тешко се реализираат. Така што и фискалната и монетарната политика има многу што да работат. Трето има правило, да се создава буџетски дефицит во добри времиња, за да има што да се троши во рецесија, да остане фискален простор. Мора и Владата да се однесува како економски субјект, во добра економска ситуација со релативно високи стапки на раст да се штеди во буџетот, рече тој.

Не очекува во иднина македонската економија да се соочи со негативни каматни стапки и предложи формирање на непартизиран фискален совет по примерите во Србија и Грватска.

– Ние немаме класични економски кризи, но како отворена економија сите негативни ефекти брзо се пресликуваат тука, особено она што се случува во европските зони. Нашите комерцијални банки своите средства и штедни влогови во девизи главно ги чуваат во големите европски банки, но во случај на негативни каматни стапки, се случува да мора да плаќаат за нивно чување. Како тоа да се амортизира, Централната банка девизните резерви се големи, добар дел од нив банката ги пласира во првокласни државни обврзници и хартии од вредност за да ги оплоди, но сега мора да прават портфолио, да ги инвестира во малку ризични, поразвиени земји, А и А-плус колку толку да се амортизираат тие негативни аспекти. Мислам дека во основа добро изменаџира Централната банка, но тој проблем ќе го имаме. Кај нас нема да има негативни каматни стапки затоа што постои тука ризикот на земјата, независно што имаше значаен пад во 2007 година поради врзаноста на денарот со Европската централна банка. Прилично се намалија каматните стапки на штедните влогови, што не е добро за штедачите, а се уште се високи за инвеститорите, рече тој.




Слично

Поврзани вести