Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таки Фити им порача на политичарите да размислуваат со ладни глави!

Таки Фити им порача на политичарите да размислуваат со ладни глави!

Првиот човек на МАНУ Таки Фити им порача на политичарите да размислуваат и да најдат решенија за излез од политичката криза со ладни глави.

На денешното 49 собрание на МАНУ Фити ја истакна историската одговорност која ја носат политичките раководства за  надминување на тешката политичка и општествена криза со која е соочена земјава.

Моменталните состојби во политичката и еконосмката сфера во креирање и имплементиање на  економските политики може да имаат крајно неповолни последици за идниот развој на нашата земја изјави Фити образложувајќи го ова тврдење со  прекумерната и нерационална јавна потрошувачка, недозволивата динамика на пораст на јавниот долг, креирањето услови за појава на економска криза детерминирана од политички избори и заострување, понатамошното комплицирање, наместо разрешување на проблемите во другите сфери дијагностицирани во низа научни трудови објавени во земјава, но и во извештатите на меѓународните финансиски институции, во Извештајот на ЕК и во Извештајот на Прибе.

Фити истакна дека Македонската академија на науките и уметностите ќе се активира и ќе го преземе оној дел од одговорноста така што ќе организира научни расправи за актуелни прашања од различни сфери.

Академикот го напомена слулајот со иницијативата на Уставниот суд за утврдување на уставноста на Законот за помилување на сторители на кривични дела поврзани со изборите и ја оцени како несоодветен чекор кој само му дотура бензин на огнот што гори и го доведува во прашање мирното разрешување на кризата преку наоѓање решенија што ќе ги респектираат основните демократски начела и европските вредности, критериуми и стандарди.

Слично

Поврзани вести