Тајните служби во Турција предупредиле двапати за напади врз туристи
Турските тајни служби ја предупредиле два пати полицијата за можни напади врз туристи, дипломатски мисии, канцеларии на НАТО и меѓународни организации, објави германското издание „Der Spiegel“, повикувајќи се на информации од разузнавачките служби на Анкара.
На два пати - 17 декември 2015 година и 4 јануари 2016 година - Националната разузнавачка организација (МИТ) ја известила Владата во Анкара и органите за безбедност за потенцијална опасност од напади на екстремисти во Анкара и Истанбул. Висок полициски функционер потврдил за весникот дека се добиени „соодветни предупредувања“.
Првото од нив е насочено кон безбедносните сили на турско-сириската граница, реонските станици во двата града и антитерористичките единици. Во второто предупредување упатено неколку дена пред трагедијата во Истанбул, „МИТ“ препорачува да бидат ставени под надзор 19 граѓани од Сирија, односно 10 мажи и девет жени. Во моментов тие се барани од полицијата.
Според претставниците на германските експерти од областа на безбедноста на вработените „МИТ“ се добро информирани за активностите на радикалната група „Исламска држава“. „Тие се во близина и имаат добра мрежа на информатори, како во својата земја, така и во Сирија и Ирак“, изјавил германски експерт за безбедност. Изворот, кој побарал анонимност, потсетил дека токму Анкара го предупредила Берлин во пресрет на Нова Година за можна серија напади против баварската престолнина Минхен, каде 2016 година започна со зголемен степен на терористичка закана.
