Тајната полиција има нов директор
Нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање е 34-годишниот Владимир Атанасовски од Делчево.
Тој денеска е именува на седницата на Владата на место на Љупчо Андоновски.
Како што пренесе Фокус Атанасовски во УБК доаѓа од директорската позиција во Управата за финансиско разузнавање, каде во 2010 година го наследи Ване Цветанов.
На интернет страницата на Управата за финансиско разузнавање нема ниту негова фотографија, ниту негова биографија
За него нема многу податоци низ медиумите, бидејќи речиси и да не се појавуваше во јавноста. Во неговата директорска кариера тој никогаш не обелодени дека води истрага за некој случај.
Слично
