Тајна група од експерти преговара за грчкиот долг
Тајна група од експерти преговара за грчкиот долг, соопшти „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Форматот на тајните преговори се нарекува „Франкфуршка група за работни вечери“. Во нив учествуваат соработници на Марио Драги, Жан-Клод Јункер, Кристин Лагард и Алексис Ципрас, дополнува весникот.
Првата средба се одржала во Брисел, во средината на минатиот месец. Нејзината цел била да ги координира активностите на техничките тимови, за да може да се продолжи со преговарачкиот процес со Грција. Оттогаш „Франкфуртската група“ дискутирала за грчкиот долг 3-4 пати неделно по телефон или на состаноци.
Досега консултациите биле тајни, и нивното влијание било почувствувано уште минатата недела, кога грчкиот премиер Ципрас ги уверил своите колеги дека ќе ги почитува ветувањата дадени на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Неколку дена подоцна грчкото Министерство за финансии доби транша од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Според весникот оваа преговарачка група размислува за различни опции за да се најде компромис во преговорите меѓу Атина и нејзините кредитори.
