Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тајкуните ја опустошија Словенија?

Тајкуните ја опустошија Словенија?
Коментирајќи го неодамнешното преземање на словенечки Меркатор, од страна на хрватски Агрокор, претседателот на Словенија, Борут Пахор изјави дека е е потребна приватизација на државните фирми во земјата. „Постојат голем број причини за тоа. Прво, поради консолидирање на компаниите, второ и поради потребата за свежи пари со кои државата го поттикнува економскиот раст, но и бидејќи ние треба да ја повратиме довербата на меѓународниот пазар во Словенија. Од исклучителна важност сега е влезот на странски инвеститори кои овде гледаат стратешки интерес, “ изјави Пахор притоа осудувајќи ги тајкуните за кои вели дека ја опустошија Словенија. „Тајкуните ги опустошија не само финансиските ресурси,  туку ја уништија надежта и довербата. Процесот на приватизација им овозможи на оние кои ги водеа претпријатијата да размислуваат за тоа како да станат нивни сопственици, наместо да се грижат за работниците. Требаше да дојде до ваква криза, за да ги разоткриеме. Словенија сега е на пат кон излез од кризата ", рече Пахор. Словенечкиот претседател, исто така, се осврна на неодамнешното пристапување на Хрватска во Европската унија, како и на можниот влез во еврозоната што значи и зголемување на цените, кое тешко ќе се избегне. „Се разбира дека не смее да се мисли дека тоа нема да биде проблем. Влезот на еврото привремено ќе зададе удар врз стандардот на граѓаните“, изјави Пахор за медиумите.  
Слично

Поврзани вести