Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАХИРИ РАЗБУДИ ДУХОВИ: Се закани со војна, за Вулин е „луда баба“

ТАХИРИ РАЗБУДИ ДУХОВИ: Се закани со војна, за Вулин е „луда баба“

Закани за војна стигнаа од Приштина доколку Србија не го признае Косово како независна држава. 

Поранешната шефица на преговарачкиот тим на Приштина во дијалогот со Белград, Едита Тахири, рекла дека ќе има војна ако Србија не ја признае самопрогласената независност на Косово, објави „Спутник“.

Тахири кажала дека дијалогот меѓу Белград и Приштина не е прекинат поради воведувањето такси на производите од Србија, туку затоа што според неа Косово било во опасност.

Тахири го изјавила тоа на собирот „Пат кон конечна спогодба меѓу Косово и Србија“ во Приштина и додала дека „Косово и Србија не се двете Германии“, пренесува приштински „Лајм“.

На овие провокации, остро реагираше српскиот министер за одбрана Александар Вулин. Во пишана изјава наведува дека нема да има независно Косово.

„Тахири нема свои деца, затоа така лесно ги фрла во војна. И кога беше на официјална функција не беше при себе, а сега, кога никој за ништо не ја прашува, сосема полудела. Луда баба. А сите кои ја користат лудата баба да го зборува она што не сакаат гласно да го кажат, а би сакале да се случи, да повторам – нема независно Косово и точка“, реагира  Вулин. 

Партијата Српска Листа исто така реагираше на изјавата на Тахири. Велат дека ѕвечкањето со оружје и повикувањето на судири е најопасната опција.

„Како во претходните децении да немаше доволно судири, страдања и патење, па Едита Тахири, каков парадокс, зборуваше на собир каде тема беше учество на жените во мировните процеси, повикува на судири, негирајќи можност за изнаоѓање компромисно, одржливо и мирно решение за проблемот на Косово и Метохија“, стои во соопштението на Српска Листа.

Српска Листа смета дека на оваа изјава на Тахири би требало да реагираат сите политички претставници во Приштина, но и меѓународни претставници, посебно КФОР, Еулекс, Европската унија и УНМИК.

Тие бараат Обвинителството во Косово да поведе постапка против неа, затоа што ги вознемирува граѓаните и поттикнува омраза.

Српската дипломатија со месеци наназад алармира дека има земји во светот кои го повлекуваат признавањето на Косово. 

На 17 февруари 2008 година, Косово прогласи независност. 

Слично

Поврзани вести