Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тахири: Повеќе од 600 лица од регионот војуваат во редовите на ИД

Тахири: Повеќе од 600 лица од регионот војуваат во редовите на ИД
Генералниот секретар на Исламската верска заедница во Македонија, Африм Тахири, истакнал дека повеќе од 600 Албанци од регионот војуваат во Сирија на страната на „Исламската држава“. Тој истакнал дека радикалните структури  во исламот во регионов соработуваат подобро од верските заедници. „Постојат и такви кои го проповедаат исламот во форма која е различна од традиционалната и која е туѓа за Албанците“, рекол Тахири за албанскиот портал „Ора њуз“, пренесува „Блиц“. Податокот според кој околу 600 Албанци од Балканот војуваат во Сирија го објави и интернет порталот „Прешева јоне“9Наше Прешево), наведувајќи дека околу 150 регрути се од Косово, а останатите се од Албанија, Македонија и Прешевската долина.
Слично

Поврзани вести