ТАГАТА ЗА ЏОКИЌ НЕ ПРЕСТАНУВА: Пред менувачницата порака за Лидија, крши емоции и душа
Тагата за убиеното семејство Џокиќ во Алексинац не престанува. Денеска пред вратата на менувачницата беа оставени три букети цвеќиња и една бела роза, веројатно во спомен на Лидија, најтрагичната жртва на страшното злосторство, чие тело беше изгорено до непрепознатливост.
Мистеријата за убиството на тричленото семејство Џокиќ од Алексинац трае повеќе од две недели, полицијата деноноќно трага по убијците, сослушани се повеќе од сто луѓе, но нема нови официјални информации за тоа кој би можел да биде извршител на злосторството.
Во меѓувреме, се појавуваат само нови теории, а последната во серијата вели дека како мотив за убиството на Горан, Гордана и Лидија се наведува одмазда.
Само две минути откако заминале од кај роднините тројцата беа киднапирани или убиецот на некој начин ги измамил да влезат во нивниот автомобил, а тоа може да се заклучи бидејќи тие се упатиле во спротивен правец кон Тешица наместо кон Алексинац
Беа изнесени неколку теории за тоа како убиецот ги принудил да го направат тој потег, од фактот дека бил маскиран како полицаец, дека бил некој кој тие го познавале и му верувале, и што е поткрепено со фактот дека и Горан и Лидија во тоа време се допишувале со пријателите за вообичаени теми без да дадат знак дека нешто не е во ред, додека некој не им го попречи патот и не ги натера да ја исклучат рутата од друг автомобил. Што е сигурно, и што се покажа кога беа пронајдени телата - убиството било детално испланирано, во него учествувале најмалку две лица кои биле добро запознаени со теренот на кој се движеле и каде го извршиле злосторството.
Во вторникот, семејството пријави исчезнување на фамилијата Џокиќ кога било забележано дека два дена не е отворена менувачницата во Алексинац, во која се бара мотивот за ова злосторство. Уште на почетокот на потрагата било наведено дека тие се богато семејство и дека киднапирањето може да биде причина за нивното исчезнување.
Шест дена подоцна, во саботата, нивниот автомобил „пасат“ е пронајден во атарот на селото Тешица, целосно изгорен, а кратко потоа, на 10 километри оддалеченост, во атарот на селото Моравац од каде тргнале, беа пронајдени и нивните безживотни тела стрелани и запалени, покриени со гранки, лисја и штици.
Наскоро се утврди дека кутијата во која Горан ги чувал парите исчезнала, па истрагата започнала во таа насока. Прво се споменуваа тетратки на должниците на Горан, за кој се наведува дека е чесен човек, никому не должел, но дека позајмувал поолеми суми пари на одредени луѓе...
