„Тафе груп“ ќе ја скенира бизнис климата во Македонија
Една од најголемите компании за производство на трактори во светот „Тафе Груп“, најави дека во блиска иднина ќе дојде во земјава да ги скенира условите за инвестирање во Македонија како и можностите за отворање производствен капацитет во земјава.
Според менаџментот на компанијата Македонија би била одлична база за освојување на моќниот европски пазар.
„Сметаме дека постои огромна можност да се отворат нови фабрики во земјава, да се вработат луѓе, да донесеме нови инвестиции. Продолжуваат преговорите со „Тафе“, ќе се формира тим кој ќе ја посети Македонија и ќе ги испита сите можности за инвестирање“, изјави Кристијан Делев, заменик – министер за економија.
Според Малика Сринивасан, главен менаџер на компанијата која Форбс ја вброи меѓу стоте најбогати на светот, со годишен обрт на капитал од 2,5 милијарди долари, Македонија може да биде порта кон Европа и кон земјите од ЦЕФТА.
„Ние имаме план да го прошириме производството во овој регион, а Македонија е дел од нашите планови“, изјави Сринивасан.
Владата на Раџастан во Џајпур го организира самитот „Партнество 2015“, а на него ќе учествува и македонската делегација, предводена од премиерот Никола Груевски.
Слично
