Таџикистан има гориво за 60 дена, на Русија не можат да сметаат
Таџикистан има гориво за 60 дена, поради што итно е потребна замена за Русија.
Таџикистан, кој граничи со Кина и Авганистан, во голема мера зависи од увозот на гориво од Русија.
„Таџикистан има резерви на гориво доволни за околу 60 дена и преговара со неколку земји за идно снабдување поради недостиг на гориво во Русија“, изјави денеска министерот за енергетика на таа земја, Далер Џума.
Според Ројтерс, Џума изјавил дека извозот на одредени видови нафтени производи од Русија во Таџикистан сè уште се одвива, но дека сè уште има одредени тешкотии.
Според него, Таџикистан води разговори со Казахстан, Туркменистан, Ирак, Иран и Белорусија со цел да обезбеди доволни количини гориво.
Таџикистан, кој има околу 11 милиони жители и се граничи со Кина и Авганистан, во голема мера зависи од увозот на гориво од Русија, со која одржува блиски сојузнички односи, објаснува Ројтерс.
foto Wikipedia/ Adam Harangozó
