Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАДИЌ ГО НАТЕРА МАРИЌ И ВОДИТЕЛКАТА НА ХЕПИ ДА ИМ СЕ ИЗВИНАТ НА СТУДЕНТИТЕ - ги обвинија дека земале по 1.000 динари за да учествуваат на протести

ТАДИЌ ГО НАТЕРА МАРИЌ И ВОДИТЕЛКАТА НА ХЕПИ ДА ИМ СЕ ИЗВИНАТ НА СТУДЕНТИТЕ - ги обвинија дека земале по 1.000 динари за да учествуваат на протести

Лидерот на Социјалдемократската партија, Борис Тадиќ, гостуваше во програмата на телевизијата Хепи, пред истата водителска двојка која 24 часа претходно за време на интервју со Александар Јовановиќ-Ќут, ги навреди студентите, обвинувајќи ги дека зеле по 1.000 динари за да се појавуваат на митинзи против власта. И тогаш се случи чудо.

Имено, Борис Тадиќ успеал да ја натера водечката двојка, да им се извини на студентите.

Вака течеше дијалогот.

На констатацијата на поранешниот претседател на државата дека тие двајцата „ужасно ги навредиле студентите“, прв се извини Мариќ, а потоа истото го направи и Александра Брчиќ, откако Тадиќ бараше извинување и од двајцата. 

"Не, се извинувам, туку да се извините. Ајде сега уште со еден збор да им се извините на студентите“, инсистираше Тадиќ.

Мариќ повторно се извини за неговите зборови, а веднаш потоа се извини и Брчиќ, наведувајќи дека не мислела на сите студенти, туку само на поединци.

„Тоа беше шега, комика со Ќут (Александар Јовановиќ-Ќут, при чија посета беше изречена навредата, забелешка на Нова.рс), ми се допадна да се забавувам и потоа дојде таа реченица“, додаде Мариќ.

„Но, не смеете да си го дозволите тоа. Сега како психолог ќе ти кажам, се работи за потсвеста. Таа реченица не дојде случајно“, му одговори Тадиќ и додаде дека тоа му го зборува баш на Мариќ, бидејќи „знае кој е тој“, односно, како што кажа Тадиќ „знае кој е Мариќ, бидејќи токму тој зборуваше на студентските протести во 1990-тите и беше на страната на студентите“. 

Извор и фото: Нова.рс

Слично

Поврзани вести