Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тачи вели дека Србија го сака северот на Косово

Тачи вели дека Србија го сака северот на Косово

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави денесka дека Косово во односите со Србија го очекуваат тешки деновi. 

Тој вели дека е потребна политичка и граѓанска мобилизација спротивставена на таквите активности на Србија. 

„Сите треба да се мобилизираме, и политички и во граѓанска смисла, да се соочиме со притисоците кои Србија ќе ги врши на Косово, бидејќи нивниот план е поделба на Косово и присоединување на северот кон Србија“- кажа Тачи. 

Вели дека такво нешто нема да дозволат. Тачи е категоричен дека Косово на тие притисоци и провокации ќе им даде отпор со силата на уставните решенија и користејќи ги сите расположиви уставни и законски можности. Србија, според него, треба да престане со тешките провокации против Косово, како налозите за апсење и возот кон Косовска Митровица.

„Тоа јасно ќе им го кажеме и на претставниците на Европската Унија, и нема да дозволиме да се доведат во прашање територијалниот интегритет и суверенитетот на Косово“ - рече Тачи. 

Тој оцени дека нема потреба да се враќаат на договорот за нормализација на односите од 2013 година, од кога некои договори се остварени, а други во процес на остварување, туку треба да се гледа напред и да се направи сѐ што е можно за нормализација на односите меѓу двете земји.

Слично

Поврзани вести