Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тачи: Србија не поминала низ демилошевизација

Тачи: Србија не поминала низ демилошевизација

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, вели дека кризата во регионот и натаму продолжува, а главен извор на проблемите е Србија, која, според него , уште не поминала низ „денацификација и демилошевизација“ на своите политики.

Вели дека вооружените сили на Косово ќе му служат на  мирот и нема да бидат закана за стабилноста во регионот, а вистинска закана за тоа се руските воени бази во Србија и миговите.

„Србија останува проблем за регионот, затоа што не помина низ денацификација и демилошевизација. Затоа и понатаму останува причина за проблемите и предизвикува тензии во сите соседни земји, од Хрватска, Република Српска, Косово, Црна Гора до Македонија. Затоа е важно постојаното внимание од ЕУ, НАТО и САД. Денес Србија стана локација за руски воени бази  и руски мигови“- рече  Тачи.

За кризата во Македонија, Тачи вели дека граѓаните на земјата ќе решат кои ќе бидат нивните лидери.

Слично

Поврзани вести