Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тачи: Сега е момент да се прекине политичката криза

Тачи: Сега е момент да се прекине политичката криза

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи денеска по средбата со Викторија Нуланд, помошник државниот секретар на САД за европски и за евроазиски прашања, рече дека не може да предвиди дали ќе има лидерска средба.

Тачи вели дека не е баба Ванѓа, но логично е да се очекува такво нешто.

„Сега е моментумот да се прекине политичката криза и да се договори датум за избори и сега сите заедно треба да работиме на тоа“- рече Тачи.

Додава дека немало време за да се договарат конкретни чекори, затоа што повеќе се разговарало за стратешки начела.

Претседателот на ДУИ, Али Алхмети, кој прв беше на средба со Нуланд, не даде изјава за медиумите.

Нуланд замина во партиското седиште на СДСМ. По средбата со Зоран Заев, таа треба да се сретне со Никола Груевски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа се сретна и со специјалната обвинителка Катица Јанева и со претставници на невладиниот сектор.

Се очекува Нуланд по завршување на средбите да даде изјава.

Со политичките челници во земјата, таа разговарала за неопходните реформи за обезбедување услови за фер избори, за спроведување на изборите, за работата на Специјалното јавно обвинителство, билатералните односи и слично.

Денеска ќе се знае дали ќе има некаков напредок во политичката криза која трае долго време.

Слично

Поврзани вести