Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКА ПРИТИСНА: Тачи се откажа од создавање на косовска армија

АМЕРИКА ПРИТИСНА: Тачи се откажа од создавање на косовска армија

Претседателот на Косово Хашим Тачи го повлече предлог-законот за создавање на сопствени вооружени сили. По конфликтот во периодот 1998-1999 година територијалниот интегритет на Косово се обезбеди од меѓународни сили. Во 2008 година Косово прогласи независност, која е признаена од над 100 земји, вклучително и Македонија.

На почетокот на месец март Тачи побара создавање на сопствена армија од 5.000 војници. Тој го протурка законот во кршење на Уставот, кој предвидува ваква иницијатива да е одобрена и од претставниците на српското малцинство. 

„Целосно сме согласни овој процес при создавањето на армија да се случува во рамките на Уставот. Ќе создадеме армија која ќе биде дел од НАТО“, рече Тачи. Пред два дена администрацијата на САД побара властите на Косово да го повлечат законот за создавање на сопствени вооружени сили. „Ние би сакале владата да направи чекор назад и да го тргнеме законот од масата“, рече претставникот на американскиот надворешно-политички завод пред косовскиот тв канал Ар Ти Кеј. 

Дипломатот појасни дека според Вашингтон “"трансформацијата (на безбедносните сили на Косово во комплетна армија) треба да се случи со внесување на измени во уставот.

Тој го повика Косово да ги продолжи консултациите со етничките малцинства по повод идејата за создавање на армија и да потпише договор со Црна Гора за демаркација на границата. Ова се јавува како чекор кон ЕУ и НАТО, рече американскиот претставник.

Слично

Поврзани вести