Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тачи: Пржино е мртов договор, криви се ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ

Тачи: Пржино е мртов договор, криви се ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ

Виновници за пропаѓањето на договорот од Пржино според лидерот на ДПА Мендух Тачи се трите партии во извршната власт ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ.

По средбата с германскиот пратеник Јоханес Хајнлд, Тачи истакна дека е време за нов договор бидејќи тој од Пржино бил мртов.

Тој, за иницијативата на Али Ахмети за свикување на Собранието вели дека е лош маркетиншки трик.

„Не може да правиме маркетинг од оваа трагична ситуација. Ние осум дена и осум ноќи разговараме и сега јас ли треба да ви кажам што бараме. Тоа е тотално нефер однесување кон процесот на преговори. Еве на пример што бараме ние – новото собрание да биде дводомно и Албанците да имаат право на вето за секој договор. Ако одиме маркетиншки, како Ахмети. Не е фер додека се разговара да се изнесуваат во јавност идеите“ вели Тачи.

Тачи посочил и дека се разговара за нов датум за избори.

„Со Хајндл зборевме за политичката криза, се согласивме дека интеграцијата на Македонија во НАТО и Европската Унија не би требало да има друга алтернатива“ заклучи Тачи.

Слично

Поврзани вести