Тачи:Причинителите на кризата ВМРО-ДУИ продолжуваат со неодговорно однесување
Причинителите на кризата ВМРО-ДУИ продолжуваат со еднострани и неодговорни однесувања, изјавил Мендух Тачи, лидерот на ЛДП денеска на средбата со специјалниот претставник на Германија за Македонија, Јоханес Хајндл.
„Претседателот Тачи, исто така, рече дека за ДПА и Албанците, таквото однесување е неприфатливо, со што се продлабочува политичката криза, и се задушува евро-атлантската перспектива на земјата. Тачи рече уште дека единствен излез од оваа ситуација е продолжување на дијалогот и спроведување на решенија кои произлегуваат од овој процес со посредување и гаранции на меѓународниот фактор, а со посебен акцент на решавањето на прашањето за името и меѓуетничките односи“ - наведуваат од партијата.
Претседателот Тачи го увери амбасадорот Хајндл дека ДПА ќе продолжи да биде дел од демократските процеси и евро-атлантската перспектива на земјата и силно ќе дејствува за да се промени оваа тешка ситуација во Македонија, додаваат од ДПА.
