Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тачи преговара за влез во Владата, ДУИ изненадени!

Тачи преговара за влез во Владата, ДУИ изненадени!

Мендух Тачи, Лидерот на ДПА, како што пренесуваат некои медиуми потврдил дека  ДПА води разговори со премиерот Никола Груевски во врска со шпекулациите кои вчера се појавија во јавноста дека ДПА наскоро ќе биде дел од Владата.

Разговараме на многу теми, но се уште не сме стигнале до точката за распоред на министри од ДПА во Владата на Груевски, пренесува Фокус.

Во врска со снимките кои опозицијата ги објави досега, на кои можеше да се слушне како Тачи разговара со шефот на УБК, Сашо Мијалков, Тачи вели дека тоа се монтирани содржини на телефонски разговори.

Од партијата ДУИ пак велат дека се изненадени по потврдата на лидерот на ДПА Мендух Тачи дека преговара за влез во Владата.

Слично

Поврзани вести