Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тачи остана на чело на ДПА, но Села од утре му спрема реформатори

Тачи остана на чело на ДПА, но Села од утре му спрема реформатори
Лидерот на ДПА Мендух Тачи денеска го помина првиот тест на доверба - на конгресот на неговата партија обезбеди поддршка за нов четиригодишен мандат на чело на ДПА. За лидерската позиција тој немаше ниту еден противкандидат и покрај отворениот конфликт со Зијадин Села, кој тврди дека предводи реформатоско крило во партијата. На Конгресот денеска името на струшкиот градоначалник Зијадин Села не беше директно споменато, но партиското раководство во неколку наврати испрати пораки дека ДПА и понатаму е силна и единствена и дека станува збор за „купени политичари“, кои работат во интерес на ДУИ. Струшкиот градоначалник Села не се појави на Конгресот денеска. Тој утре во скопската општина Сарај и неговото „Движење за реформа во ДПА“ ќе одржат „реформаторско собрание“ со последна порака до Тачи конечно да се оддалечи од лидерската позиција и поради „постојаните порази што ги доживува ДПА на изборите поради него“.
Слично

Поврзани вести