Тачи нема да поднесе оставка иако Села бара
Лидерот на ДПА Мендух Тачи нема намера да поднесе оставка иако тоа од него го побара струшкиот градоначалник Зијадин Села по резултатите што ги оствари партијата на предвремените парламентарни избори.
„Нема да поднесам оставка, а на Села му посакувам добро здравје“, рече Тачи по неговата средба со американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс.
Тој го обвини струшкиот градоначалник дека го опструирал успехот на ДПА на изборите, па освен со ДУИ и СДСМ, партијата требало да се бори и против него.
Тачи потврди дека се сретнал со премиерот Никола Груевски, со кого разговарале за можноста ДПА да влезе во Владата, но и да ја поддржи без да има свои министри во кабинетот.
Села и огранокот на ДПА од Струга побараа оставка од Тачи затоа што го сметаат за одговорен за послабите резултати што ги покажа партијата на последните избори, како и за одлуката да се гласа во вториот круг од претседателските избори иако ДПА немала кандидат.
Слично
