Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тачи негира дека тргувал со органи

Тачи негира дека тргувал со органи
Новиот косовски претседател,  Хашим Тачи изјави дека не се плаши од Специјалниот суд за воени злосторства извршени на Косово, и ги отфрла обвинувањата дека тргувал со органи. Во изјава дадена за виенски медиуми, тврди дека со воспоставување на Судот, неговата држава покажала дека ги почитува своите меѓународни обврски. „Немаме што да криеме и поради тоа косовското Собрание усвои основање на Специјален суд. Тоа и лично го поддржав бидејќи гледам предност за Косово. Со тоа конечно би се решиле од таквите обвинувања. Целиот процес за формирање на тој Суд е инициран од мене. Нема што да кријам и го поддржувам во целост Судот“-вели Тачи. Тачи изјави дека „ОВК не прекршила меѓународни правила, туку закони на Слободан Милошевиќ и заради тоа се чувствува горд.
Слично

Поврзани вести