Тачи: Меѓународните претставници не притискаат доволно за решавање нa кризата
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вели дека меѓународните претставници не притискаат доволно за решавање нa кризата во Македонија.
Според него, странците се претпазливи и ги толерираат политичките партии, за да не се случи интеретничките прашања да прераснат во меѓуетнички, со што кризата во земјава уште повеќе би се продлабочила.
„Можеби нешто ќе биде појасно по средбите на политичките лидери со германскиот специјален претставник, Јоханес Хајндл и со заменичката на американскиот државен секретар, Викторија Нуланд“ - кажа Тачи на синоќешниот брифинг со новинарите, по прославата на годишнината на неговата партија во Тетово.
Тачи додава дека моментално нема на повидок, ниту лидерска средба, ниту решенија за некои од прашањата, бидејќи нема политичка волја кај партиите, особено кај оние од власта.
Тој вели дека нема услови за избори и дека сега само се лицитира со датуми.
