Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тачи: Kосовската полиција дејствувала во согласност со законите при апсењето на Марко Ѓуриќ

Тачи: Kосовската полиција дејствувала во согласност со законите при апсењето на Марко Ѓуриќ

Косовскиот претседател Хашим Тачи, вели дека косовската полиција дејствувала во согласност со законите и овластувањата денеска при апсењето на Марко Ѓуриќ, претставник на српската Влада.

Тачи ги повика жителите на Косово на смиреност и кажа дека Ѓуриќ нелегално влегол во Косово.

Тој вели дека штотуку го известиле надлежните органи дека Ѓуриќ поминал низ редовна полициска, судска и обвинителска процедура и дека сега е на пат да биде депортиран од територијата на Косово.

„Овој случај не треба да ја попречува комуникацијата меѓу Косово и Србија, дијалогот меѓу двете земји и напорите за нормализација, добрососедските односи и помирувањето меѓу двата народа“- изјави Тачи. 

Косовската полиција попладнево со специјалци го уапси српскиот функционер, директор на Канцеларија за Косово и Метохија во Влада на Република Србија, Марко Ѓуриќ. 

Слично

Поврзани вести