Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тачи: Косово ќе има своја војска во партнерство со САД, НАТО и ЕУ

Тачи: Косово ќе има своја војска во партнерство со САД, НАТО и ЕУ

Косовскиот претседател Хашим Тачи не ја напушти идејата за Косово да создаде своја војска која ќе биде во согласност со препораките на САД, НАТО и ЕУ.

- Дефинитивно се очекува војската да биде формирана до крајот на оваа година. Можеме да извршиме уставни измени и силно го поддржуваме тоа, смета Тачи.

Тој нагласи дека неговиот Кабинет ќе раководи со целиот овој процес на формирање на Војска на Косово, во соработка со новото министерство за одбрана.

- Ќе изградиме модерна, мултинационална и професионална армија и сигурна перспектива за членство во НАТО, порача Тачи.

Слично

Поврзани вести