Тачи ќе ги бара Прешево, Медвеѓа и Бујановац да се спојат со Косово
Косовскиот претседател Хашим Тачи на преговорите во Брисел ќе ѝ го предложи на Србија историското барање на Албанците од Прешево, Бујановац и од Медвеѓа да се припојат кон Косово, иако знае дека ќе биде одбиен.
Тoj ова го соопшти денеска. На прашањето што ќе се случи ако на наредниот состанок со српскиот претседател Александар Вучиќ на маса биде ставен предлог за размена на Прешевската долина за северот на Косово, Тачи изјави дека ја познава „одлучноста и непоправливоста“ на српскиот претседател Вучиќ кога е во прашање Косово.
Тачи смета дека ако евентуалниот мировен договор подразбира корекција на границите по мирен пат, тоа никако нема да значи отворање на Пандорината кутија и нема да има домино ефект.
Последната вест вели дека претседателот на Србија Александар Вучиќ свикал за утре, сабота, итен состанок на Советот за национална безбедност поради ситуацијата на северот на Косово, пренесе српската национална ТВ. На состанокот ќе се разговара за заштита на српските интереси и народот на Косово како и безбедносната состојба,
Загрижени изјави вчера и завчера дојдоа од шефот на Обединетите Нации Антонио Гутереш и командатот на заедничките сила на НАТО во Неапол, адмиралот Џејмс Фого, косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека е потребна е „корекција“ на границата со Србија или еден вид размена на територија, а игуменот Сава Јањиќ од Косово предупредува на ризик од насилство кое има за цел да доведе до поделба на државата.
