Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тачи до Бериша: Не ми треба совет од некој кој му помагал на Слободан Милошевиќ

Тачи до Бериша: Не ми треба совет од некој кој му помагал на Слободан Милошевиќ

Екс лидерот на Демократската партија и поранешен албански претседател и премиер Сали Бериша, е против идејата за менување на границите и размена на територии меѓу Косово и Србија.

Според него, Прешевската долина не треба да се користи за „трговија меѓу двете земји“, ниту пак да се чепкаат границите на Косово, меѓународно признати од 115 држави.

Реакцијата на Бериша следува по најавата на косовскиот претседарел Хашим Тачи дека ќе има корекција на границите и припојување на Прешевската Долина во Косово. Ваквиот став наиде на реакција од Тачи, ,кој пу порача дека на Косово не му се потребни совети од некој кој му помагал на Слободан Милошевиќ, со продавање нафта во периодот кога тогашна Југославија беше под меѓународни сакнции.

„Оние кои полнејќи ги сопствените џебови, се грижеа резервоарите на возилата на Милошевиќ да бидат секогаш полни со гориво, иако меѓународната заедница имаше воведено санкции против него.  Не ни требаат совети од оние кои го засолнаа Осама Бин Ладен, убиецот на светската цивилизација и  Аркан, убиецот на Албанците на Косово“, му порача Тачи на Бериша.

Слично

Поврзани вести