Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тачи, Бонева и Ибраимовски викнати на распит во СЈО

Тачи, Бонева и Ибраимовски викнати на распит во СЈО

Првиот човек на ДПА Мендух Тачи во понеделник треба да се јави на распит пред специјалните јавни обвинителки.

Оваа информација Тачи ја потврдил за порталот сакамдакажам.мк. 

Според она што го пренесоа медиумите Тачи е викнат на распит во својство на сведок во предистражна постапка а за истрага која произлегува од прислушуваните разговори кои минатата година беа објавени од страна на опозицијата.

Засега неофицијално е дека и Силвана Бонева треба да се појави на распит. Таа не одговарала на повиците на погореспоменатиот медиум.

В понеделник во СЈО исказ за изборните измами треба да дадат и Самка Ибраимовски, лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР).

Минатата недела Специјалната обвинителка Јанева соопшти дека во периодот кој следи ќе има има зголемена фреквенција на лица во нејзиното Јавно Обвинителство, но таа нема да открива детали за предистражните постапки.

Слично

Поврзани вести