Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тачи: Ако Москва не признае, Белград ќе се откаже од митологијата

Тачи: Ако Москва не признае, Белград ќе се откаже од митологијата

Хашим Тачи изјави дека Русија би можела да одигра важна улога во мировниот процес, ако ја признае независноста на Косово, бидејќи Белград тогаш ќе се откаже од митологијата.

Косовскиот претседател во интервју за германскиот дневен весник „Tagescajtung“ ја обвини Русија дека ја користи својата моќ во Советот за безбедност на ОН со цел да го спречи Косово да се придружи на светската организација.

Тачи коментирајќи за петте држави од ЕУ кои одбиваат да го признаат Косово, оцени дека тоа претставува „огромен хендикеп“ и повтори дека Косово е „успешна приказна“.

"Ние непрекинато ја подобруваме нашата меѓународна позиција. Економијата е во пораст и имаме постигнато четири проценти економски раст во последниве години", рече Тачи.

 На барањето на новинарите за негов коментар за европската перспектива на Косово тој потенцираше дека земјата има „јасна визија“ кога се евроатлантските интеграции во прашање.

„Трпеливи сме и многу напорно ќе работиме да ја подобриме ситуацијата во Косово. Антизападните позиции и идеологии немаат шанса да успеат или да имаат какво и да е влијание на Косово. Пред се, сакаме ЕУ да размисли за својата колеблива полика“, изјави Тачи.

Слично

Поврзани вести