Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таблоидот The New York Daily News продаден за 1 долар

Таблоидот The New York Daily News  продаден за 1 долар

Познатиот њујоршки таблоид The New York Daily News кој има стогодишна традиција е продаден за само 1 долар со тоа што инвеститорот Tronc ќе ги преземе и сите долгови на компанијата. 

The New York Daily News  се прослави со трач рубриките, атрактивните и провокативни наслови, но и со квалитетните колумнисти кои влијае врз формирањето на јавното мислење. Долго време The New York Daily News беше омилен дневен весник на работничката класа во Њујорк и успеа да наметне големо политичко влијание.

Во последните години The New York Daily News беше во сопственост на бизнисменот со недвижности Мортимер Б. Зукермен кој е еден од главните ривали на Доналд Трамп, па така често на насловните страници можеа да се најдат критички наслови за американскиот претседател.

Tronc е компанија која веќе ги поседува The Los Angeles Times и The Chicago Tribune како едни од најзначајните новинарски институции и ќе се обиде да го одржи во живот омиленото „жолто“ четиво на њујорчани во ерата на интернетот и социјалните медиуми.


Слично

Поврзани вести