ТАБЕЛА: Кои македонски компании плаќаат најмногу за камати, лизинг и слични расходи?
Очекувано, со оглед на обемот на работите ОКТА и Макпетрол за три месеци платиле најмногу за камати, лизинг, курсни разлики и слични расходи. Листата покажува дека најголем дел од македонските производни фирми користат кредити за својата продукција за што плаќаат значајни износи за камати
Скопската рафинерија за нафта ОКТА во првите три месеци годинава имала финансиски расходи во износ од 69,8 милиони денари (над 1,1 милиони евра) и со тоа е компанија со најголеми финансиски расходи во првиот квартал во споредба со сите други акционерски друшта чии акции се котирани на Официјалниот пазар на берзата. Ова е сосема разбирливо со оглед на обемот на работа на оваа компанија. Финансиските расходи се сметководствена категорија во билансите на успех во која се агрегирани трошоците на фирмите за камати од кредити, курсни разлики, лизинг и слично финансиски услуги за кои компаниите треба да платат соодеветен надомест.
Макпетрол е втор на листата со финансиски расходи кои изнесуваат 31,2 милиони денари (износ од консолидираниот биланс на успех за првиот квартал). Заедничко за двете компании е тоа што нивните деловни операции се во бизнисот со нафтени деривати кај едната со нивна продукција, а кај другите со нивната дистрибуција, големопродажба и малопродажба.
Меѓу компаниите со значително поголеми финансиски расходи од финансиски приходи се големите скопски компании: Жито лукс, Скопски пазар, Арчелор митал ЦРМ, Фершпед, Телеком, Тиквеш, Пелистерка, Карпош, Пекабеско, струмички Струмица табак и Оранжерии Хамзали, кумановската фабрика за цевки ФЗЦ, велешки Благој Ѓорев и битолскиот агро-комбинат Пелагонија. Кај нив кварталните износи за финансиски расходи се движат од 4 до 15 милиони денари кои се наменети за камати, лизинг, курсни разлики и слични финансиски расходи.
Слично
