Табела: Каде во ЕУ може најдобро да се заработи?
Просечното плаќање на трудот за сите 28 земји-членки на ЕУ во 2012 година билo 24,2 евра на час, no земјоделството и јавната администрација не влегуваат во сметката, покажуваат податоците на Евростат. Просечната плата на час во еврозоната била 29,3 евра. Просечнaта вредност сепак ги крие сериозните разлики меѓу одделните држави.
Највисоки плати земале Данците, со просечна вредност од 40,1 евра на час. На последно место е Бугарија со 3,4 евра на час.
Споредено со 2008 година, кога избувна светската економска криза, вредноста на еден час работа е зголемен за 10,9% за целата Унија, што прави раст од 2,6% во просек годишно. Во еврозоната овој раст беше 11,8%, или 2,8% годишно.
Како во 28-те земји, така и во еврозоната, плаќањето на час во 2012 година беше најниско во секторот "сместување и прехрамбени активности" - 14,4 евра на час за целата унија и 16,9 евра на час за еврозоната. Нај висока била платата во секторот "финансиски и осигурителни активности" - 41,2 евра на час за целата унија и 48,5 евра на час за еврозоната.
Податоците се од истражување на статистичкото биро на Европската унија Еуростат. Тие се базирани на резултатите од истражувањето за цената на трудот од 2012 година. Истражувањето се прави еднаш на секои четири години. Можете да ја прочитате целата анализа тука.
K.K.

Слично