T-Mobile се спојува со Sprint за 26 милијарди долари?
T-Mobile US како четврт по големина оператор на американскиот телекомуникациски пазар и со постојан тренд на раст, постои голема шанса да се спои со Sprint еден од потрадиционалните мобилни оператори во САД кој држи голем пазарен удел, но има потреба од иновативни маркетинг пристапи и иновации во понудата за своите корисници.
Sprint е инаку во сопственост на Soft Bank, јапонскиот економски гигант, претставен од генералниот извршен директор Масајоши Сан. Наводно, Sprint по трет пат од 2014 па наваму ќе се обиде да го откупи T-Mobile и да го интегрира во својата корпорација во зделка која ќе вреди импресивни 26 милијарди американски долари.
Сепак, и двете компании да постигнат договор за преземање и спојување, конечниот збор за комбинацијата меѓу T-Mobile и Sprint ќе ја даде американската федерална комисија за спречување монопол на пазарот.
Сега, за такво нешто кога на власт е администрацијата на Трамп постојат многу поголеми шанси бидејќи претседателот го фаворизира „големиот“ бизнис и дерегулацијата на пазарот со цел да се отворат нови работни места и да се зголемат приходите, а со тоа и дивидендите.
