Економија, финансии, бизнис

Контакт

Т-Мобиле сака да ја напушти Австрија

Т-Мобиле сака да ја напушти Австрија
Австриската филијала на Дојче Телеком, Т-Мобиле Австрија може да ги намали инвестициите, па дури и се повлече од земјата ако не и биде дозволено рамноправно да се натпреварува со своите конкуренти за добивање на фреквенциите од четвртата генерација на „LTE“ мрежи, вели извршниот директор Андреас Биервирт. Т-Мобиле Австрија е вториот по големина провајдер на мобилна телефонија во Австрија, веднаш зад Телеком Австрија. Двата помали ривали,  „France Telecomov Orange“ и „H3G Hutchisonov“, сакаа да се спојат, за што чекаат  дозвола од регулаторите. Биервирт за медиумите тврди дека е загрижен дека  „H3G“ ќе ја добие дозволата за фреквенцијата за „LTE“ и во исто време регулаторите ќе го одобрат предложеното спојување. Во овој случај, „H3G“ и „А1.“ во сопственост на Телеком Австрија,  две години би имале  предност за располагање со фрекфенциите кои на Ајфонот на Епл му овозможуваат користење на „LTE “мрежи, тврди Биервирт, а според него ова ќе случај на огромно ограничување на конкуренцијата. На прашањето дали тоа значи дека Т-Мобиле може да ја напушти Австрија, тој одговара дека и таа можност не е исклучена.  
Слично

Поврзани вести