T-Home и T-Mobile почнаа да функционираат како една компанија, се најавуваат многу новитети!
Македонски Телеком на прес конференција во Берлин објави дека двата бренда T-Home и T-Mobile згаснуваа и се воведува еден бренд-Телеком.
Нема да има отпуштања на вработените, а наскоро ќе бидат претставени новите пакети на компанијата.
Отсега под Телеком брендот ќе се нудат сите комуникациски услуги за дома и во движење: мобилни и фиксни интегрирани услуги, решенија за деловни корисници и Cloud решенија.
Инаку, воспоставувањето на еден бренд има за цел да ги поедностави процесите во компанијата а сето тоа во насока на задоволство на корисникот, како клучен фокус на компанијата.
Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Андреас Мајерхофер на прес конференцијата изјави дека спојување на фиксна и мобилна телефонија е телекомуникациски тренд во светот и во Европа.
„Просецот на реструктуирањето веќе го започнавме пред две години и немаме никакви планови масовно да отпуштаме вработени. Оперативните работи треба да се унифицираат што беше направено дури и претходно, менаџментот исто така беше унифициран, што значи дека спојувањето нема да придонесе за отпуштањето. Вообичаени трансформации секако дека треба да бидат направени“, изјави Мајерхофер на средба со македонски новинари во Берлин.
НОВИ ПАКЕТИ
Што се однесува до новите пакети наскоро ќе има многу новитети.
На македонскиот пазар ќе биде промовиран пакетот Magenta-1, кој веќе е промовиран во неколку европски држави.
Тоа е ново интегрирано продуктно портфолио кое нуди фиксна и мобилна телефонија, интерент ТВ, Cloud сервисинг и воедно ќе ги покрие приватните и бизнис корисниците.
Всушност станува збор за сосема нов концепт направен според начинот на живеењето и потребите на модерните корисници. Корисникот ќе може според своите потреби да одбере каква услуга и кои количини на услуги сака.
ЕДНА ВЕБ СТРАНИЦА
Корисниците на брендот Телеком ќе ги имаат информации и на една веб страница и од еден контакт центар.
Македонски Телеком на 19 септември со цел да го прослави брендот Телеком ќе организира голем настан во Скопје за сите граѓани, на кој се најавува голема забава и незаборавно дружење.
НЕ СЕ ОЧЕКУВА РАСТ НА ЦЕНИТЕ
Првиот човек на компанијата Мајерхофер истакна дека спојувањето на операторите Вип и Оне од негова гледна точка ова било очекувано.
„Нивните пазарни удели се под критичната точка за да им бидат одржливи инвестициите и затоа мораа да преземат нешто. Со спојувањето добиваат прилично зголемување на пазарниот удел и доаѓаат многу блиску до нас за да станеме на некој начин еднакви. Во секој случај ова е позитивно без разлика на тоа што ќе имаме посилна конкуренција. Не значи дека ако имаме само една компанија како конкуренција, дека конкуренцијата ќе се намали. Позитивно е тоа што ќе има и друга голема компанија, којашто многу ќе инвестира во државата“, рече Мајерхофер.
Тој смета дека спојувањето на конкурентските компании во една во никој случај нема да влијае на раст на цените.
„Било кој од играчите да ја зголеми цената ќе изгуби, она што треба да го направиме е да понудиме повеќе услуги, повеќе пакети, а за нив корисникот треба да плаќа фер и да се насочиме кон сè поголем квалитет на услугата, во никој случај корисниците не треба да очекуваат зголемување на цените“, рече Мајерехофер.
Македонски Телеком е еден од најголемите инвеститори во Република Македонија и досега има вложено околу 730 милиони евра.
Фактор во Берлин,
Александар Манев

Слично