Свон: Мерките за штедење се кочница за глобалниот раст
Австралискиот министер за финансии Вејн Свон ги критикуваше бесмислените мерки за штедење во Европа, нарекувајќи ги кочница за глобалниот раст.
– Развиените земји мора да направат повеќе околу покренувањето на глобалната економија, а посебно по прашањето за поттик на владината потрошувачка – рече Свон во интервју за весникот Вол Стрит Џорнал, пред состанокот на водечките финансиски институции во Вашингтон.
– Азија не може да продолжи да го носи товарот, т.е. да врши тежок дел од работата во глобалната економија. Потребно е да се преземат поголеми напори во политика која промовира раст на развиените економии во Европа – додаде тој.
Слично
